Пад на индустриското производство

t

Индустриското производство минатата година, во однос на 2023-та, е намалено за 3.6 %. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од претходната година, индустриското производство бележи пад од 1.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 10.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5.7 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 20.1 %, додека пораст бележи кај Енергија за 2.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 14.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.9 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Богородица и Табановце од македонска страна…

На граничните премини Богородица и Табановце, од…

САД ја повикуваат Кина да го одврати…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја…

ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите вo Скопје

Работите по една година од владата на…

ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето…

Во време кога владеењето на правото и…

Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира…

Оваа власт потполно го урниса здравствениот систем…