“Две семејства се закопани” – Потресен статус за смртта на младата Фросина

t

Две семејства. Во едното расте момче кое што на 20 години зад себе веќе има криминално досие, а во другото расте девојче кое што на 22 години е полно со младешки елан, визија за иднина, трудољубие, успеси и љубов кон животот. Ова на социјалната мрежа Фејсбук го напиша професорката Татјана Алексиќ.

– Две семејства се закопани со еден удар. Едното од тага по изгубеното чедо, другото затоа што создале убиец. Парите имаат моќ да поткупат, но не и да ја вратат продадената душа на ѓаволот. И секое наше дете може да биде Фросина, сѐ додека имаме закон продаден за пари. Ни се случува Кецмановиќ на улица, напиша таа по трагичната несреќа.

Младата Фросина Кулакова од Неготино која прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди, денеска ќе биде испратена во вечниот дом.

22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.

Граѓани најавија дека денеска излегуваат на протест по трагичната несреќа.

„Освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинејџер уби човек по групна тепачка пред…

Маж на 32-годишна возраст ноќеска бил убиен…

Мицкоски: Практичниот дел од правосудниот испит ќе…

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…