Аксиос: Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат двапати во Вашингтон
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува да се сретнат двапати во Вашингтон следниот вторник, еднаш на работна средба, а потоа на неформална вечера, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на неименуван извор.
Работната средба се очекува да се одржи околу пладне, по што двајцата лидери ќе вечераат со своите сопруги, објави американскиот портал.
Средбата меѓу Трамп и Нетанјаху, потврдена оваа недела од нивните влади, е закажана за 4 февруари, по неодамнешниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас во Газа, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…