(Видео) Нова трагедија во САД: Авион експлодираше во воздух, нема преживеани!

t

Медицински транспортен авион, во кој имало болно дете, неговата мајка и уште четири лица, се урнал во населено место во Филаделфија веднаш по полетувањето и според првичните информации во несреќата нема преживеани.
Авионот се урнал на фреквентна раскрсница во населбата Ронхарст, во близина на трговскиот центар Рузвелт.
Авионот експлодирал во воздух, па пожарот зафатил неколку куќи во областа, а оштетени се и неколку автомобили, пренесе АП.
Повредени се и неколку лица кои биле во близина на местото на несреќата.

Градоначалничката на Филаделфија Шерил Паркер изјави дека се уште не е потврдена информацијата за бројот на жртвите, но посочи дека се оштетени неколку куќи и возила.
Леарџет 55, кој полетал од аеродромот во североисточниот дел на Филаделфија, исчезнал од радарот неколку минути по полетувањето во 18:06 часот по локално време.
Летот бил на пат кон Спрингфилд, а авионот бил регистриран во Мед Џетс.
Сведоците велат дека слушнале силна бучава пред да го видат пламенот.
„Видовме голем пламен и остатоци од авионот“, рекол Џим Квин, кој ја снимил експлозијата на надзорна камера и ја доставил до АП.

Сите жртви биле мексикански државјани.
Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа „Truth Social“ изрази сочувство, нарекувајќи ја несреќата трагична.
Гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро ја понуди својата целосна поддршка за санирањето и истрагата.
На снимката од местото на несреќата се гледаат остатоците од авионот расфрлани низ раскрсницата.
Несреќата се случи само два дена откако авион на Американ ерлајнс се судри со воен хеликоптер во Вашингтон, при што загинаа 67 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…

Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

(Видео-галерија) Македонија во црно… Илјадници луѓе низ…

Илјадници луѓе низ цела Македонија на мирни…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…