Шекеринска: НИКОГАШ за НИКОГО не сум се јавила за ваква ургенција, шокирана сум од обвинувањата за мене
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска денеска на социјалните мрежи реагираше за одредени обвинувања кои се појавија во јавноста, а во кои ја посочуваат токму неа дека интервенирала за пуштање на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, уште кога Обвинителството го гонело за дрога
Во продолжение ФБ статусот на Шеќеринска
Длабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова. Од почит кон нивната болка и загуба не сакав јавно да реагирам, но гледам дека некои нелуѓе и криминални структури продолжуваат да лажат и да ловат во матно дури и при вакви лични, семејни и општествени трагедии и на необјаснив начин да ме ставаат во контекст на сообраќајката во која е убиена Фросина Кулакова.
Најдиректно сакам да ги демантирам СИТЕ такви наводи – тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои НИКАКВА ОСНОВА.
Одговорно тврдам дека со НИТУ ЕДНО од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. Со ниту едно!
Дополнително, сите што ме познаваат го знаат мојот став за овие прашања. Како и сите вие, и јас се плашам кога мои блиски ја поминуваат ,,Партизанска” (особено кај ,,Силбо”). Како многумина од вас, и јас сум реагирала на беснеењето на возачите што мислат дека правилата не важат за нив и дека нашите улици се писта за нивните комплекси и покажување ,,сила”. И никогаш, ама буквално НИКОГАШ не сум се јавила на НИКОЈ за да побарам ургенција за каква било сообраќајна грешка. НИКОГАШ! Некои пријатели ми замериле поради тоа (што не сум “им завршила работа”), но сум стоела зад мојот став, бидејќи искрено верувам дека неказнивоста води кон повторување на делата, а тоа значи само чекор до трагедија.
НИКОГАШ за НИКОГО не сум се јавила за да побарам ваква ургенција и затоа бев шокирана кога видов дека некој почнал да шири вакви обвинувања за мене без НИКАКВА причина, ниту доказ. Неточни се, но и нелогични бидејќи во годината во која биле носени тие судски одлуки, јас не сум имала никаква функција ниту позиција на моќ од која би можела да вршам такво влијание.
За жал, очигледно е дека некои структури можат да продуцираат и најнелогични и целосно исконструирани лаги – доволно им е да имаат интерес и наредбодавател.
Токму поради трагедијата и потребата сите ИНВОЛВИРАНИ да одговараат – се надевам дека ширењето невистини и обвинувања без основа нема да бидат искористени за да се кријат ВИСТИНСКИТЕ сторители и соучесници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…