Бараме одговорност и од таткото на Васил Јованов бидејќи го пуштил да вози без возачка, рече сестрата на Фросина Кулакова на протестот во Кавадарци
Наместо да бришат фејсбук профили, човечки беше да се јават и да изразат сочувство, рече Росица, сестрата на трагично починатата Фросина Кулакова, на протестот на плоштадот во Кавадарци. Таа побара одговорност и од таткото на 20-годишниот Васил Јованов, кој е во притвор, бидејќи му озвозможил да вози автомобил, за кој немал сообраќајна дозвола.
„Доделувањето на државни фукнции не смее да се сведува на формални образовни критериуми, јавните функции мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кои своите карактер и вредности ги покажале во сопствениот живот, како граѓани, родители, како дел од заедницата. Лицата кои овозможиле нивните деца да учествуаат во вакви кривични дела треба да одговараат за постапките на своите помлади полнолетници. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели, а функциите не смеат да бидат засолниште за тие кои не ги почитуваат законите во својот дом и надвор од него. За Фросина бараме правда не само од убиецот, бараме правда и од таткото. Првада за Фросина мора да има за да не се повтори“, рече Росица Кулакова.
На протестот „Правда за Фросина“ имаше бројни пароли, преку кои граѓаните од Тиквешијата порачаа дека „Фросина сме сите ние“. Тие со свирежи го искажаа нивниот револт од неказнивоста на одредени лица во правосудниот систем. Во небо беа пуштени 22 балони, колку што години имаше трагично починатата девојка. Имаше и триминутен молк.
„Патувај високо Фроси, твоите креации ќе бидат сега за ангелите“, кажа Викторија Недева, другарка на Фросина, која беше моден дизајнер.
Таа загина на 29 јануари пред полноќ на булеварот Партизански одреди во Скопје кога беше прегазена од возач кој го управувал автомобилот без возачка дозвола, во алкохолизрана состојба и со голема брзина минал на црвено.
За таткото ова е убиство, а Росица побара казни и за родителите на момчето. И на протестот во Кавадарци дојдоа родителите на Викторија Николова, девојката од Радовиш која пред три години го загуби животот на пешачки на Партизанска, пред „Сити мол“.
„Не успеавме да добиеме правда за нашата Викторија, тоа да не се повтори во случајот со Фросина“, кажа Славе Николов, таткото на Викторија.
Осудениот во овој случај доби четири години затвор. Најголемата казна за кривичното дело Тешки дела против безебдноста на луѓето и имотот во сообраќајот беше изречена за сообраќајката во Велес која се случи во декември 2022, кога осудениот доби осум години затвор, откако прегази 11-годишно дете на пешачки, возејќи во алкохолизирана состојба и со двојно поголема брзина од дозволената. Во друга сообраќајка, која се случи во јули 2017, при што смртно настрадаа три лица, велешанец доби 10 години затвор, пресуда изречена во Основен суд Штип, потвредена од Апелација.
Извор/Фото: СДК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…