(Видео) Народот тргна кон Собрание – Протест за Фросина!

t

Започна протестниот марш преку кој се бара правда за 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.

Маршот почнува од Универзална, Собрание, ОЈО и ќе заврши пред Кривичниот суд.

Протестот на Партизанска започна со три минутен молк. Македонија(Видео) Три минути молк на почетокот на протестотОбјавено пред 6 минути – 2 февруари, 2025Од М. А. / Макфакс Протестот на Партизанска започна со три минутен молк. dobivaj vesti na viber Видео плејер 00:0000:29 Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е право, не привилегија“, „За монструмот да не лежи во затвор, Фросина лежи во гроб“, „Казна за родителите“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Судии, ослободете ја правдата“ и други. Насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд. Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш: 1. Почитувајте ги инструкциите на редарите; 2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните; 3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира; 4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфротација; 5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехники и слични предмети; 6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…