(Фото галерија) Македонија е на нозе, младите се на нозе – Бараат правда за Фросина со пораката секој може да е следен!

t

Километарска колона луѓе го исполни булеварот Партизански одреди и оттаму продолжи кон Собранието на вториот протест во Скопје по повод трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин на 29 јануари.

Иако еден од најмасовните изрази на револт и солидарност досега видени во Скопје, тоа беше постигнато со тишина и достоинство, без говори и скандирања, а сите пораки беа испратени преку пароли и транспаренти.

„Секој еден може да е следен“, стоеше на големиот транспарент носен на челото на колоната, која тргна од пешачкиот премин кај Универзална сала, каде што младата модна дизајнерка од Неготино беше прегазена. Маршот го предводеа родителите и сестрата на Фросина Кулакова, кои неколку часа порано беа на протестот во Кавадарци. Се бараше правда за Фросина, но и затвор за таткото на 20-годишникот кој ја прегази.

Маршот имаше иста маршрута како првиот протест во петокот, па од Собранието се отиде кон Основното јавно обвинителство и Кривичниот суд.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин од 20-годишниот Васил Јованов, кој возел пијан и без возачка дозвола и со голема брзина поминал на црвено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…