Вучиќ: Србија може и мора да формира само српска влада, ако не тогаш е време за избори
По блокадата на трите моста во Нови Сад од страна на студенти и граѓаните, од кои Мостот на слободата беше блокиран цели 24 часа се огласи претседателот Александар Вучиќ кој испратија јасна порака дека не треба да се избегнува одговорноста за разговор и дека Србија може и мора да формира само српска влада, ако не тогаш е време за избори.
„Она што е важно е разговорите со професорите и претставниците на универзитетите, да започнат што поскоро никој да не ја избегнува својата одговорност, добро да разберат дека разговорот е лековит и до решението може да се дојде само преку разговор. Апсолутно сум цврст во мојата проценка дека Србија може и мора да формира само српска влада, ако тоа е воопшто можно. Ако не, тогаш е време за нови избори“ изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Протестите продолжуваат, бидејќи како што изјавија студентите условите и барањата се уште не се исполнети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…