Струмичкиот градоначалник предлага намалување на платите на функционерите за повеќе пари борба со аерозагадувањето
Доколку сите ние во законска рамка се согласиме да ни се намалат платите по 12.000 денари и притоа истите никако да не се покачуваат би генерирале заштеди во висина од 24.000.000 денари или околу 400.000 евра месечно. Овие средства ќе бидат сосема доволни за имплементација на итни мерки, субвенции за населението, особено за цената на гасот, котли за гас, продолжување на секундарната гасификација, говорам за Струмица, објави синоќа на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Неговото обраќање доаѓа по завчерашниот протестен марш против енормното загадување во Струмица што го организираа екологистите и препукувањата меѓу политичките партии за тоа кој е виновен за загадувањето во Општината.
Според струмичкиот градоначалник, во услови на ектремни цени, има реална можност да се прогласи економска криза, мерка со која би се замрзнале платите на функционерите.
-Да не бидам погрешно разбран и јас барам мојата плата да биде намалена. Со таквата мерка би биле опфатени над 2.000 функционери, напиша Костадинов.
Додава дека живееме во време кога мора тие кои ја имаат честа од граѓаните да ги водат да се направи чекор со кој ќе скратат од себе си, а за бенефит на нацијата.
Според него, решението е едноставно и реално можно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…
Новата рунда разговори за мир во Украина…
Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…