Бразилската влада нема да ги користи сопствените авиони за депортација на бразилски мигранти од САД
Бразилската влада нема да ги користи авионите на своите воздухопловни сили за да помогне во депортирањето на бразилските мигранти од САД, изјави денеска бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира.
Бразилски авион ги превезувал мигрантите на вториот дел од патувањето, откако тие пријавиле нехумано постапување врз нив од американски агенти, а Бразил потоа отвори истрага. На летот од Луизијана до Амазонас имало 88 бразилски државјани, кои пријавиле дека климата во авионот што ја изнајмила американската влада била расипана и дека биле тепани од американски агенти, пренесува Глобо.
Според нив, агентите не им дале храна и во текот на 50-те часа од патувањето рацете им биле врзани со лисици, a разни делови од телото им биле во синџири. „Не тепаа додека ни ставија лисици. Ни ставија лисици и не тепаа затоа што ни беше жешко и не сакавме да останеме во авионот“, изјави 21-годишниот Витор Густаво да Силва.
„Неселективната употреба на лисици и синџири ги прекршува условите од договорот со Соединетите Американски Држави, кој предвидува достоинствен, почитуван и хуман третман на повратниците“, соопшти бразилското Министерство за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…
Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…