Објавено на:

Трамп: УСАИД е управуван од куп радикални лудаци

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја водат „куп радикални лудаци“ и дека е лошо управувана и дека ќе ги исфрли „лудаците“ од агенцијата пред да се донесе одлука за нејзината иднината.

Трамп во неделата го пофали шефот на Одделот за владина ефикасност, Илон Маск, за суспензијата на двајца врвни безбедносни функционери на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат одделот да пристапи до системите на агенцијата, објави американскиот порталот Хил.

Американскиот претседател рече дека нема секогаш да ги слуша советите на Маск за намалување на трошоците во федералната влада.

Сепак, Маск утринава изјави дека УСАИД ќе биде затворена, а Трамп се согласил со него за ова.

Во меѓувреме, Маск на платформата „Икс“ напиша дека УСАИД е „криминална организација“.

Администрацијата на Трамп бара правни патишта кои претседателот би можел да ги искористи за да потпише извршна наредба со која ќе се стави крај на независноста на УСАИД, објави во петокот Ројтерс.

Трамп неодамна потпиша извршна наредба за замрзнување на странската помош на три месеци и им наложи на официјалните лица да спроведат ревизија на сите програми за да се уверат дека се во согласност со неговата визија за надворешната политика на САД.

Неодамна во медиумите се појави информација дека Трамп размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот.

УСАИД испраќа помош до заедниците погодени од конфликти и им помага на земјите во развој во многу аспекти.

Демократите го критикуваа Трамп за откривањето на плановите за спојување на УСАИД со Стејт департментот, истакнувајќи дека агенцијата е „независна институција по статут“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…

Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…