Фламанскиот националист Барт де Вевер стана нов белгиски премиер
Лидерот на фламанските конзервативци Барт де Вевер денеска официјално стана нов белгиски премиер со положување заклетва пред кралот Филип заедно со 14 члена на неговата влада, јавија новинарите на АФП.
54-годишниот лидер на фламанската националистичка партија Нова фламанска алијанса (Н-ВА), кој 12 години беше градоначалник на Антверпен, е првиот фламански националист на чело на федералната влада во Белгија.
Белгиските политички партии во петокот постигнаа договор за влада на широка коалиција, по речиси осум месеци преговори по изборната победа на Новата фламанска алијанса (Н-ВА).
Де Вевер ќе ја вкотви земјата повеќе надесно заедно со четирите партнерски партии во неговата коалиција, кои ќе ги вклучуваат демохристијаните и социјалистите од Фландрија, како и либералите и центристите од франкофонската Валонија.
Екстремно десничарската партија Влаамс беланг (Фламански интерес) е исклучена од преговорите за формирање влада, и покрај фактот што на изборите во јуни 2024 година постигна најголем раст на поддршката на поддршката и стана втора по големина политичка партија во Белгија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…
Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…