(Видео) Коцевски: Во моментов се приведуваат осум лица за случајот „Адитив“
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, во „Дејли Клик“ на ТВ21 ексклузивно откри дека моментално се приведуваат лица поврзани со случајот „Адитив“, случај поврзан со малверзации за набавка на адитиви за РЕК Битола, за кои наводно биле плаќани по три пати повисока цена, и оштетените го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра.
Коцевски рече дека проширена е истрагата за осум лица и едно правно лице.
„И за три лица плус за кривично дело „перење пари“, а кои лица веќе се опфатени со истрагата“, вели Коцевски.
За овој случај МВР има распишано меѓународна потерница за екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…