Коцевски: Не знам кога Васко Ковачевски ја напуштил државата и каде се наоѓа во моментов

t

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 изјави дека Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ, првично не бил осомничен во случајот „Адитив“, но подоцна било утврдено дека и тој е вмешан.

„Извршени се 70 претреси и откриени материјални докази. Ковачевски не бил дома за време на претресот, па не можел да му се изврши претрес. Јавното обвинителство, врз основа на доказите, утврдило дека постои кривично дело, за кое што е запретена казна до 5 години, и издаде наредба за претрес. Но, бидејќи тој не бил присутен, судот ја одбил наредбата и не можеле да се издадат мерки“, рече Коцевски.

На прашање на модераторот за тоа дали знаат каде се наоѓа Ковачевски во моментов, Коцевски истакна тоа не е нивна работа, односно издадена е потерница и органите ќе постапат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…

Земјотрес со магнитуда 4,8 го погоди Крит…

Земјотрес со магнитуда 4,8 рано во петокот…

Студентската листа во Србија не планира задолжителен…

Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…

За еден месец запленети 734 кубни метри…

Запленети се 734 кубни метри дрва и…

Пациенти глумат дека имаат симптоми за да…

Според ново национално истражување спроведено во САД,…