Обвинителството презентираше и фотодокументација од претреси во домовите на обвинетите и телото на Панче Жежовски

t

Покрај движењето на двете возила во со кои е грабната малолетната Вања, Обвинителството на денешното рочиште во Кривичниот суд ги презентираше и видео-записите од движењето на истите возила во Велес.

Презентирани беа видео-записи за 22.11.2023, денот кога е извршено кривичното дело каде како оштетен се јавува Панче Жежовски, записите се однесуваат на движењето на возилата Рено Кангу и Ситроен.

На снимка од безбедносна камера на куќа во Велес се гледа како во 10 часот 5 минути и 24 секунди пред куќата поминува возилото Рено, 14 секунди по него се гледа како поминува возилото Ситроен. Од безбедносните камери на хотел „Романтик“ во Велес се забележува во 10 часот 15 минути и 20 секунди како се приближува Рено Кангу, поминува и се упатува во правец Велес кон Скопје, по 24 секунди се забележува движење во ист правец на возило Ситроен, возилото на Панче Жежовски, кое исто се упатува во правец од Велес кон Скопје, објаснија од Обвинителството.

Обвинителството презентираше и фотографија од куќата на Панче Жежовски, земјен простор кај железнички премин кадешто е пронајден теледонот на Панче Жежовски, фотодокументавија од претресот кај Велибор Манев кадешто е пронајдена облеката која обвинетиот ја носи за врем на убиството на Вања, а која е забележана од безбедносните камери на „Сејф сити“. Потоа фотодокументација од претресот кај обвинетиот Боре Видевски, фотодокументација од местото каде е пронајдено телото на Панче Жежовски, фотографии од телото на починатиот Панче Жежовски.

Палевски приговараше на видеата и истакна дека „иако правото за давање забелешки ми го прочита на почетокот на овој процес, сепак сум му благодарен што ме врати во судницата за да дадам забелешка. Во неколку видеа кои беа приложени во обвинението пишува дека Вања е убиена околу 9.30 часот, но видеата кај пречистителна станица каде беше потенцирано дека се видео-докази после убиството на Вања, времето не одговара. Истото се случува и со Панче Жежовски, очигледно дека обвинителниот акт кога е изготвуван овие докази беа во рацете на Обвинителство и сметам како и до сега дека има пристрасност и во доказот со камерите на хотел Романтик, за каде е изготвена службена белешка, која не е во листата на докази. При увид во видео-материјалот се констатира дека се гледаат две лица, но прескокнуваат како Ситроенот се движи по истиот пат и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице. Ова не е приложено во доказите.

Втора забелешка, ЗКП точно утврдил со кој член што значи ДНК анализа, да се утврди дали некое лице било во допир со предметот кој е предмет на вештачење, со ваков субјективен начин на оценка на докази негираме наука и ЗКП, рече Палевски алудирајќи на камерите каде обвинителството истакна дека се гледа Палевски, иако судот нотираше дека не е со сигурност тој.

Бранителот на Палевски, Страпевски кажа дека бил изведен доказ кој е незаконски прибавен, односно снимка прибавена од Александар Ѓорчевски, беше нарушена приватноста на лицата од чии куќи беа презентирани снимки со кажувањето на нивното име и презиме. Според Страшевски Обвинителството не докажа дека во Ситроенот и Реното се наоѓаат конкретни лица.

Приговор истакна и бранителот на Александар Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ кој рече:

– Јас имам еден приговор, иако ниту еден од денес презентираните докази не го компромитира Александар, сметам дека една од снимките е нецелосна, недостасуваат дваесетина секунди кадешто би се видело дека возилото се враќа во истиот правец од кадешто дошло, но допуштам дека на Обвинителството му е доставен доказ во таква форма и во тоа времетраење, истакна Туфегџиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не помина интерпелацијата на Тошковски

Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…