Објавено на:

Руте: Новата цел за одбранбени трошоци ќе биде многу повисока од два отсто од БДП

t

Мора да ги зголемиме трошоците за одбраната и одбранбеното производство, но за нивото на зголемување ќе решаваме подоцна и врз основа на анализите што ќе ги направиме ќе поставиме нова цел за издвојувања за одбранбените потреби, изјави денеска генералниот секретар на НАТO, Марк Руте при пристигнувањето на работниот ручек со лидерите на ЕУ во рамки на денешниот неформален Самит на Унијата што се одржува во Брисел.

– Можам да ве уверам дека таа (цел) ќе биде значително повисока од два проценти (од БДП), изјави Руте, додавајќи дека европските земји мора да вложат повеќе напори за споделување на товарат на трошоците за одбраната со САД.

Во моментов НАТО има поставено за цел сите земји членки за трошоци за одбраната да издвојуваат средства во висина од најмалку два отсто од својот БДП, но во последниве месеци зачестија повиците за зголемување на нивото на овие издвојувања.

Според Руте, ЕУ мора да ја зајакне својата одбрана во блиска соработка со Норвешка, САД и Велика Британија во рамките на НАТО и да донесе одлука за одбранбените трошоци врз основа на сопствените цели.

На прашање што ќе биде преземено за заштита на Данска од „насилно менување на границите“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да ги оствари своите планови за преземање на Гренланд, Руте избегна да даде конкретен одговор, истакнувајќи дека првиот човек на САД е во право кога говори за потребата од зајакнување на безбедноста во реонот на Арктикот.

Според Руте, кога станува за зајакнување на колективната безбедност на арктичкиот Далечен Север, не станува збор само за Гренланд, туку тука влегуваат и Исланд, Норвешка, Шведска, Финска, Канада и самите САД.

– Ќе работиме заедно во рамките на НАТО, заеднички да го направиме она што е неопходно за (безбедноста на) Далечниот Север, рече Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…