Сите му се пријатели, само Мицкоски никаде спомнат од другар му: Ричард Гренел ќе го менувал Курти во Косово

t

Ричард Гренел на социјалната мрежа „Х“ објави провокативен статус во кој кажува дека ќе го менува Курти од власт, иако имал многу пријатели во Косово, Албанија и Србија. Македонија веројатно ја заборави иако премиерот пред неколку недели се пофали дека имал одличен состанок со Гренел.

– Имам многу пријатели во Косово и Албанија…и многу пријатели во Србија и во целиот регион.

Администрацијата на Трамп работеше и ќе продолжи да работи за мир за сите на Балканот.

Но, ни требаат доверливи партнери.

Владата на Курти не беше доверлива за време на првиот мандат на Трамп, ниту за време на мандатот на Бајден. И републиканците и демократите постојано го критикуваа Курти за преземање унилатерални активности кои го дестабилизираат регионот. Така и ЕУ и НАТО. Меѓународната заедница е обединета против Курти.

Американските компании се прошируваат во Албанија и Србија, но не се прошируваат на Косово поради Курти.

Курти, исто така, беше против секоја американска идеја понудена од претседателите Клинтон, Буш, Обама, Бајден и Трамп.

Реториката што сега ја користи Курти, тврдејќи дека е близок со САД и подобар од сите други косовски влади, е апсолутно лажна. Не се залажувајте. – напиша Гренел на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…