Средба Трамп-Нетанјаху денеска во Вашингтон!
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, а тема на разговорот се очекува да биде иднината на прекинот на огнот во Газа, како и начините за спротивставување на иранската закана. Разговорите ќе се одржат додека продолжуваат преговорите меѓу Израел и Хамас во врска со втората фаза од прекинот на огнот и ослободувањето на заложниците, објави Ројтерс.
Нетанјаху и Трамп се очекува да одржат заедничка прес-конференција.
Иако Трамп постигна неколку успеси со Нетанјаху за време на неговиот прв мандат, вклучително и преместувањето на американската амбасада во Ерусалим и потпишувањето на договор за нормализација на односите меѓу Израел и неколку арапски земји, таканаречените договори Абрахам, предизвикот може да биде прашањето за нормализирање на односите со Саудиска Арабија, посочува агенцијата.
Саудиска Арабија, која беше клучна во тие договори, бара договор за Палестина, што е спротивно на ставот на владата на Нетанјаху.
Фокусот на разговорите ќе биде ставен на иранската закана, бидејќи односите меѓу Израел и Иран неодамна дополнително ескалираа. Трамп и Нетанјаху ветија дека нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје, пренесуваат медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…