Прекин на огнот на Велигден, конечен мир во Украина до 9 мај?
Политичките и дипломатските кругови во Киев последниве денови на големо разговараат за планот, тезите и распоредот за завршување на војната за 100 дена, кои наводно веќе биле подготвени од Доналд Трамп и неговиот тим.
Американците им открија делови од планот на голем број европски дипломати, а планот пристигна и во Киев, пишуваат повеќе угледни магазини.
Во меѓувреме никој не може да ја потврди автентичноста на планот, можеби тоа е вистински план изготвен од тимот на Трамп или можеби е некаков заговор составен врз основа на „Планот Келог“ објавен минатата година пред претседателските избори во САД, кој сè уште не е потврден. Но, она што е интересно е дека има знаци кои укажуваат и на првата и на втората опција.
Специјалниот претставник на Трамп за Украина, Кит Келог, во саботата го повтори своето предвидување дека војната во Украина ќе заврши за 100 дена.
„Завршувањето на војната во Украина“, рече тој, е „прашање на месеци, секако не години. Го кажав ова и претходно на една од вашите програми. Би сакал да видам 100-дневно одбројување и да видам каде сме во прекинот на огнот или во одржлив мир. И според мое мислење, сè зависи од она што е реално. Но, нема да биде како во Авганистан, кој траеше четири години, ова не треба да биде краткорочно решение за двете земји“, рече Келог за „Фокс њуз“.
Телефонски разговор меѓу Путин и Трамп во февруари – две опции на маса
Сепак, следните потези на Трамп привлекуваат големо внимание во јавноста. Така, според „распоредот“, Трамп планира да има телефонски разговор со Путин на почетокот на февруари. Планот потоа треба да биде разгледан со украинските власти.
По разговорите на Вашингтон со Москва и Киев се шпекулираат две опции. Преговорите може или да се прекинат, ако не се најде заеднички јазик, или да продолжат доколку се најде таква основа.
Во вториот случај, редоследот на потезите би изгледал вака. Зеленски мора да го укине указот за забрана на преговори со Путин.
Во текот на февруари и првата половина од март 2025 година, се предлага да се одржи средба меѓу Трамп, Зеленски и Путин, трилатерална средба или две билатерални средби, за кои подоцна ќе се одлучува. Тогаш треба да се одобрат главните параметри на мировниот план, а потоа да се продолжи со работата на договорот на ниво на специјални претставници.
Редослед на мировниот план
Како што наведуваат дел од медиумите, додека преговорите бидат во тек и борбите продолжуваат, Трамп нема да го блокира испраќањето воена помош за Украина.
Од она што е засега познато се предлага да се прогласи прекин на огнот на целата линија на фронтот од 20 април 2025 година, бидејќи Велигден оваа година се слави на ист ден од сите христијански конфесии.
Во исто време, сите украински војници мора да бидат повлечени од регионот Курск.
Кон крајот на април 2025 година треба да започне Меѓународната мировна конференција, на која ќе се снима договорот меѓу Украина и Руската Федерација за прекин на војната, со посредство на САД, Кина и голем број европски земји.
Кон крајот на април би почнала размената на затвореници по формулата „сите за сите“.
Се очекува до 9 мај Меѓународната мировна конференција да издаде декларација за завршување на војната во Украина врз основа на договорените параметри.
По 9 мај, на Украина ѝ се нуди да не ја продолжува вонредната состојба и мобилизација.
Постојан мировен договор може да склучи новиот претседател на Украина бидејќи тоа официјално го бара Путин, нарекувајќи го Зеленски „нелегитимен“.
Сето ова наведува дека ќе мора да се спроведат претседателски избори во Украина и за тоа се зборува дека тие ќе бидат одржани некаде на крајот на август, а парламентарните и локалните избори на крајот на октомври.
Украина членка на ЕУ, но не и на НАТО?
Според нацрт-планот Украина нема да биде членка на НАТО и ќе прогласи неутралност. Одлуката за забрана на пристапот на Украина во Алијансата мора да биде одобрена на Самитот на НАТО.
Според ова, Украина треба да стане членка на ЕУ до 2030 година, а ЕУ треба да преземе обврски за повоената обнова на земјата.
Интересно е што ќе има некакво непишано правило според кое Украина нема официјално да го признае суверенитетот на Руската Федерација над освоените територии.
Некои од санкциите против Руската Федерација ќе бидат укинати веднаш по склучувањето на мировниот договор, а исто така ќе бидат укинати сите ограничувања за увоз на руски енергетски производи во ЕУ.
Но, одреден временски период ќе биде предмет на „специјална давачка“ од Европејците, чии приходи ќе бидат искористени за обнова на Украина.
На партиите кои се залагаат за заштита на рускиот јазик и за мирен соживот со Русија, треба да им се дозволи да учествуваат на изборите во Украина. Сите дејствија против рускиот јазик мора да се прекинат на државно ниво, пишува на темава српска Политика.
Европски мировници во Укрина како безбедносна гаранција за Киев?
Во исто време според дипломатски извори поентата за европскиот мировен контингент по завршувањето на воените операции се издвојува како особено проблематична. Од една страна Киев го бара тоа како безбедносна гаранција, за што дополнително ќе треба да се одржат посебни консултации меѓу сите страни.
Сепак она што е нејасно е дали сега Западот ќе му понуди на Путин некакви „мировни планови“ и ќе преговара со него или ќе ја заземе позицијата што ја промовира „воената реторика“ на украинските власти, сè уште е дилема. Она што е јасно е дека ќе се зголеми притисокот врз Руската Федерација – економски (преку санкции и пониски цени на нафтата) и воен (преку зголемена испорака на оружје за Украина).
Но, доколку Трамп сега одлучи да даде мировни предлози, клучното прашање е дали ќе успее да постигне договор за нив со Путин. Тука секако сè ќе зависи од предложените услови, но оптимистички се шансите во блиска иднина да се постигне договор за прекин на војната во овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…