СЗО предлага помал буџет по повлекувањето на САД
аат и за финансирањето и работата на агенцијата за периодот од 2026 до 2027 година. Извршниот одбор предлага да се намали дел од буџетот за основните програми од предложените 5,3 на 4,9 милијарди долари, се наведува во документот.
Тоа е дел од поширок буџет од 7,5 милијарди долари за периодот 2026-2027 година, што беше првично предложен, а вклучува пари за искоренување на полио и решавање на кризи. Поради заминувањето на најголемиот финансиер, буџетот не можеше да се донесе „како и обично“, се наведува во документот.
САД се најголемиот донатор на СЗО меѓу земјите, со околу 18 отсто од вкупното финансирање. СЗО веќе одделно презеде некои чекори за намалување на трошоците по потегот на САД.
Меѓутоа, некои претставници на одборот сакаа да испратат порака дека СЗО ќе ја задржи својата стратешка насока и покрај предизвиците, се додава во документот. Тие 4,9 милијарди долари се приближно исто како и основниот програмски буџет за претходниот период од 2024 до 2025 година.
Трамп одлучи да ги повлече САД од СЗО на неговиот прв ден на функцијата пред две недели. Процесот ќе трае една година според американскиот закон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…