Во сабота во Неготино протестен марш за правда за Фросина Кулакова

t

Во сабота од 14 часот, во Неготино, ќе започне протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“.

Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протестот.

Фросина Кулакова беше прегазена минатата среда на пешачки премин на „Партизанска“ од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Според информациите Васил и претходно имал прекршочни сообраќајни пријави, а еднаш кривично одговарал и за поседување и продажба на дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…

Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…