Се судрија камион и возило кај Градско, две лица се повредени
Вчера околу 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(28) од село Ваташа, кавадаречко и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.У.(61) од Косово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник П.К.(60) од с.Долно Соње, општина Сопиште, констатирани во Општата болница Велес, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Луѓето во Србија ќе бидат шокирани…
Лидерот на опозицијата во Србија, Александар Вучиќ,…
Се огласи гувернерот Славевски: Во ниту еден…
Во еден момент во мојот настап во…
Израел ги предупредил САД: Иран можеби подготвува…
Израел доставил разузнавачки информации до Соединетите Американски…
„Скај њуз“: Британските војници би можеле да…
Британските војници би имале дозвола да возвратат…
Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата…