Објавено на:

Лани е соборен рекордот во светската продажба на злато

t

Светската побарувачка по злато достигнала во 2024 година највисоко ниво откако Светскиот совет за злато (ВГЦ) ги објавува податоците, а големи купувачи повторно биле централните банки, особено во четвртото тромесечје. Побарувачката лани достигнала 4.974,5 тони и била поголема за еден отсто отколку во 2023 година, пресметал ВГЦ во тримесечниот извештај објавен денес.

Централните банки и лани биле моторот на побарувачката, купувајќи нешто повеќе од илјада тони од благородниот метал, и тоа трета година по ред. најмногу злато, според податоците на ВГЦ, купила полската централна банка, обезбедувајќи 90 тони за резервите, а следуваат Индија и Турција.

Од октомври до декември централните монетарни институции на земјите низ светот го засилиле темпото на купување и набавиле 333 тони злато, за 54 отсто повеќе отколку на крајот на 2023 година, пресметал ВГЦ врз основа на пријавените купувања и проценката на останатите трансакции. Инвеститорите, пак, купиле 1.180 тони злато, највеќе во последните четири години.

Централните банки и во 2025 година ќе имаат водечка улога, проценуваат во ВГЦ, а би можеле да им се придружат и инвеститорите, особено ако каматните стапки се намалени и нестабилни, смета аналитичарката на ВГЦ Луиз Стрит: „Главните теми оваа година би требало да бидат геополитичката и макроекономската неизвесност. Златото е инструмент за складирање на богатството и заштита од ризици“, додава Стрит.

Златото лани на физичкиот пазар поскапело 27 отсто, најмногу од 2010, бидејќи инвеститорите биле во потрага по безбеден имот и поради тоа што американската централна банка ги снижи каматните стапки. Денес цените на златото достигнаа ново рекордно ниво поради засилените трговски тензии во односите на Кина и САД.

Во Европа златото на физичкиот пазар поскапе еден отсто, додека на пазарот во САД цената му порасна за 0,7 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…