Израел ги укинува визите за Косово
Израел и официјално ги укина визите за граѓаните на Косово, потврди амбасадорката на земјата во Приштина, Тамара Жив. Одлуката стапува на сила на 5 мај.
Договорот за укинување на визите беше ратификуван на четвртата годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Израел.
„Во неделата кога одбележуваме 4 години дипломатски односи меѓу земјите, Израел и Косово го ратификуваа Договорот за укинување на визите. Од 5 мај 2025 година, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Израел како туристи без потреба од виза“, изјави Жив на мрежата „Х“.
Инаку, укинување на визите за косовските пасоши од страна на Израел косовските власти најавија од почетокот на минатата година.
Претседателот на Косово, Вјоса Османи, на крајот на јануари 2024 година објави дека оваа земја се согласила на договор за укинување на визите.
Во таа насока, на 18 јуни во Приштина беше потпишан договор за укинување на визите за граѓаните од Косово, а првите најави беа дека тој ќе стапи на сила на 19 септември.
Косово и Израел ги официјализираа дипломатските односи во февруари 2021 година.
На ова му претходеше Вашингтонскиот договор кој официјален Белград и Приштина го потпишаа на 4 септември 2020 година, а кој меѓу другото предвидуваше меѓусебно признавање на Косово и Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…