Американската војска се повлекува од Сирија?

Војската на САД развива планови за повлекување на сите американски војници од Сирија, објави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон. Медиумот јави дека Министерството за одбрана разгледува сценарија за повлекување на војниците од таа држава во рок од 30, 60 или 90 дена. Во моментов, САД имаат до 2.000 војници распоредени во Сирија со наведена цел да го спречат повторното обновување на терористичката група ИД.
Армијата соработува со курдските сили кои контролираат области во североисточниот дел на земјата.
За време на неговиот прв мандат, претседателот Доналд Трамп имаше планови да го прекине американското присуство во Сирија, на што се спротивстави тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис. Матис поднесе оставка во знак на протест кон крајот на 2018 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…