Кина почнува спор пред СТО за тарифите на Трамп
Кина иницираше спор пред Светската трговска организација (СТО) поради тарифите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за кинески производи, соопштено е од седиштето на СТО во Женева.
Во соопштението се вели дека кинеската влада укажала дека овие американски мерки „се чини дека не се во согласност со обврските што САД ги презеле според основачкиот договор на СТО“.
„Кина го задржува правото да воведе дополнителни мерки и да поднесе барања поврзани со прашањата идентификувани во овој процес“, се вели во кинеското соопштение.
Во саботата Трамп нареди воведување тарифи за стоки од Мексико, Канада и Кина, барајќи да се запре шверцот на опиоидниот фентанил од Кина, а во случајот со Канада и Мексико да се запре пристигнувањето на илегални имигранти во САД, пренесува Ројтерс.
Сепак, по разговорите со мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум и канадскиот премиер Џастин Трудо, кои ветија дека ќе ги засилат напорите во борбата против шверцот со дрога и илегалната миграција во САД, Трамп одлучи да ги одложи за еден месец плановите за воведување царини за стоките увезени од овие две земји.
Откако Трамп воведе царина од 10 отсто за кинески стоки, официјален Пекинг вети дека ќе го оспори овој потег пред Светската трговска организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…