Коцевски: Обвинителството прибира нови докази и прави проверки на постапките против Јованов

t

Обвинителството не се откажува од постојано прибирање нови докази и проверки на текот на претходната постапка водена против Васил Јованов, вели обвинителот Коцевски. Делото го стори додека ја чекаше на слобода пресудата од скопска Апелација поради претходно сторено кривично дело.

Обвинителката Фетаи постапила во законскиот рок, откако на 27 ноември минатата година го добила одговорот од Вишото јавно обвинителство, но судот повеќе од два месеци не донел одлука.

„Обвинителството не може да се меша во постапувањето на судовите“, вели Коцевски.

Токму за утврдување на евентуална одговорност, Судскиот совет формира комисија. Ниту оваа комисија нема рок во кој треба да постапи, но претседателот на Судски совет смета дека се треба да се одвива внимателно за да не му се вршело притисок на Апелацискиот суд.

20-годишниот Васил Јованов ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“ каде на самото место им подлегна на повредите. Обвинителството ќе го гони за кривично дело со умисла заради преголемата брзина, немање дозвола и управување возило под дејство на алкохол, а истрагата ја прошири и на неговите родители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кушнер: САД работат на најголема размена на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354…

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол,…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…

Савески со апел до граѓаните: Не молчете…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески упати директен…