Министерот Стоилковиќ оствари работна средба со претседателот на КСЗД

t

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, предводена од претседателот Лимко Бејзароски.

На средбата беа разменети мислења и ставови на повеќе теми со фокус на афирмирањето на човековите права во општеството и стекнувањето кредибилност, како и важноста од непристрасност и еднакво постапување кон сите луѓе, без разлика на вера, нација, етничка припадност.

Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од соработката меѓу двете институции, како и фактот дека треба да се остане на досегашната патека, дека сите граѓани треба да се чувствуваат еднакво и дека земјата треба да остане да служи како пример како различните етнички заедници живеат заедно во продолжување на атмосферата на соживот и подготвени да чекорат заедно.

На крајот од средбата соговорниците се согласија дека освен што соработката меѓу двете институции треба да продолжи да се негува, треба и визијата на Комисијата за заштита од дискриминација, како двигател на позитивни промени за суштествена еднаквост, промоција на човекови права и елиминирање на сите видови дискриминација која ужива голема доверба кај граѓаните, да остане заедничка цел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354…

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол,…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…

Савески со апел до граѓаните: Не молчете…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески упати директен…

Од понеделник ќе работи и експозитурата на…

Во насока на проширување на достапноста на…