Филипче: Никој во историјата побрзо не го донел народот до просјачки стап од ВМРО-ДПМНЕ

t

„Ценовните шокови и ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните, да го искористам омилениот израз на владините преставници, ова е историски најбрзо носење до просјачки стап, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во емисијата „Дебата“ на телевизијата „Клан“.

Филипче вели дека според анализите на СДСМ, речиси секој втор граѓанин има помалку пари од минатата година овој период.

„Ценовните шокови, ова што сега се случува, е тотална негрижа за граѓаните. Цените растат, а Владата ништо не прави да ги исконтролира. Да го искористам омилениот израз на владините преставници: историски најбрзо носење до просјачки стап. Тоа е страшно осиромашување на граѓаните. Нашите анализи и анкети покажуваат дека 45% од граѓаните значи секој втор има помалку пари отколку што имал минатата година ова време. Ние укажуваме на тоа ,но Владата не се грижи. Некако ја пуштија работата да се менаџира самата со себе. Од Владата велат нека се договорат работодавачите и работниците. Исто како што ги оставија сами маркетите да одредуваат цените, па сега имаме за 6.000 денари поскапа кошничка од пред неколку месеци, што е страшен ценовен шок за граѓаните. Граѓаните не можат да ги платат основните продукти“, рече Филипче.

Според него, во овие изминати месеци власта „се однесува делумно и како опозиција“, не престанувајќи да ја критикува СДСМ и да „бара причини за нивните неуспеси“.

„Поддржуваат протести на граѓаните за проблем којшто Владата треба да го реши. Оваа Влада не испорачува тоа што треба. Сметам дека Владата во првите месеци јасно покажа дека на власт дојдоа со лажни ветувања, секојдневно се разобличува лага по лага, нема никакво чувство на одговорност, ниту пак да преземаат одговорност за нивните постапки“, рече Филипче.

Говорејќи за тоа што треба да се преземе за подобрување на животниот стандард на граѓаните, Филипче посочи дека Владата покажала „тотална незаинтересираност“ и за предлозите на СДСМ за пораст на минималната плата и за укинување на ДДВ за прехранбените производи.

„Поднесовме закон за минимална плата. Најмалку две минимални плати, иако сметам дека треба и повеќе, се потребни за да ја покријат потрошувачката кошничка, но власта тоа го одби. Не дозволија ниту дебата во Собранието. Нема ниту една причина да не се продолжи нашиот воспоставен систем на раст на платите. Не гледам причина зошто Владата не ги зголемува платите. Предложивме и една мерка за да се намалат цените на прехранбените производи, за основите прехранбени производи да се укине ДДВ од 5%, и тоа го одбија. Мислам дека се незаинтерисирани за граѓаните и за државата“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…