Поради дојавите за бомби Јаневска побара од училиштата да ангажираат физичко обезбедување и да постават камери
Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од МОН, и со двојна автентикација. Препорачуваме секаде во училиштата согласно можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите, изјави министерката за образование Весна Јаневска на денешната прес-конференција.
„По дојавите за поставување на експлозивни направи во основните и средни уличипта низ државата, утрвово во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и секако преземање на мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво“, посочи Јаневска и додаде дека како што е веќе соопштено сите дојави се лажни.
„Направени се проверки во училишните објекти а учениците се вратени на настава. Благодарам на полицијата и на сите други служби за посветеноста и брзата интервенција кон најмладите и истовремено жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Училиштата во случај на понатамошни дојави за експлозивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат од стручните лица од министерството“, посочува Јаневска.
Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од МВР и најавија повеќе информации за текот на денот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…