Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации
Здружението на судиите е загрижено за фактот што одделни судии се дискредитираат во јавноста, без притоа, како што велат, да се почитуваат принципите на правна сигурност и пресумпцијата на невиност.
Здружението, кое во дописот изрази и искрено жалење за загубата на млад човечки живот, во целост се согласува и ја поддржува подружницата на ЗСРСМ, колегите од Основниот кривичен суд – Скопје, во нивното барање за разумност и рационален пристап во согледување на евентуалните пропусти кај институциите, како и поддршка на граѓаните во нивното барање, исклучиво за системски промени и зголемување на безбедноста на граѓаните, но и доследно почитување на Уставот и законите.
„Јавната осуда на судија не смее да биде иницирана и поткрепена од непотврдени шпекулации, односно без претходно да биде утврдена личната и професионална одговорност на судијата во конкретен случај. Повикуваме на внимателен и одговорен пристап од сите општествени гласноговорници во носењето вакви одлуки со цел да се зачува независноста на судската власт и да се избегнат непотребни политички или јавни притисоци врз носителите на правосудните функции“, велат од Здружението.
Се додава дека вината за системските проблеми во сообраќајот не може да му се припише на судството бидејќи сообраќајните несреќи се комплексен општествен проблем поврзан со инфраструктурата, превенцијата и свеста на учесниците во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…
Савески со апел до граѓаните: Не молчете…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески упати директен…
Од понеделник ќе работи и експозитурата на…
Во насока на проширување на достапноста на…
Андреј Лазаров ќе живее вечно: Промовирана книга…
Споменот за Андреј Лазаров доби уште едно…
Папата се сретна со жртви на злоставување…
Во Лима, папата Лав се сретна со…