Сведокот Гоце: Полицијата ме испрати во домот на Вања за да проверам девојчето да не е таму!
Денеска во Кривичниот суд свој исказ дава сведокот Гоце Трајковски кој истакна дека добил закани по живот пред да сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година.
Трајковски рече дека не познава никого од обвинетите, освен Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања. Тој рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо бил зет за прва братучетка на мајка му Кираца Трајковска.
Ова е вториот дел од неговото сведоштво.
Гоце Трајковски
ТУФЕГЏИЌ – ДИРЕКТНО ИСПРАШУВАЊЕ
Т – Рековте дека од вторникот имат еи физичко присуство заедно со Александар, дали можете да се сетите дека освен со Александар сте контактирале и со други лица од неговото семехство?
Г – Контактирав со сестра му, кога ме натераа Дејан Димовски и Музафер Каришиќ да идам кај нив дома да снимам тајно дали е Вања скриена некаде. Ме распрашуваа дали Палчо имал контакт со некој, таткото на Зорица, за станот, прашуваа со Палчо да не чуваат кучиња, ме натераа да влезам кафе да пијам и да видам дали во плакар или ВЦ е скриена Вања. Ѝ се јавив на Оле реков ме тераат да влагам дома да снимам, рече нема проблем слободно влези, веќе вршеа претреси. Му се јавив на Музафер реков што ме терате глупости да правам кога сте биле, рече не биле.
Т – Имавте ли контакт со Зорица?
Г – По телефон не, ама кога бевме дома контактиравме ама нормален муабет, дали најдовме нешто. Музафер што кажал дека сме му вртеле за истрагата, можеме слободно да идеме и ја и он на детектор, никогаш не сме му свртеле ни јас ни Саша до каде е истрагата.
Т – Дали дознавте од Сејф сити дека возило Цитроен три дена се бара и дека има исчезнат велешанец?
Г – Да, дека тука има некој пропуст од полицијата тука
Т -Дали со полициските инспектори, Дејан Димовски и Музафер Каришиќ сте имале директоен контакт?
Г – Да, директен и со СМС пораки, ме тераа да снимам таткото што прави
Т – Дали имате остварени средби со овие инспектори?
Г – Во СВР Скопје да со Димовски и Каришиќ
Т -Дали можете да се сетите кој ден било тоа и во кое време?
Г – Навечер беше 100%, прво се сретнавме пред зграда со Саше, тука се запознавме почна да ми збори што мислам како мислам, реков мислам дека е педофил тој Панче Жежовски и дека ја има измамено преку Фејсбук, дека се допишувал со Вања, ја има намамено во кола, рече паметно размислуваш дојди до СВР. Отидов до СВР, покана званична не ми испратија, ме прашуваа за Зорица, дали таткото се коцкал, дали Палчо имал контакт, после ме прашаа дали таткото чувал куче во стан, да не чувале исто куче со Палчо.
Т – Дали после ова Вие се видовте со Александар?
Г – Не, од таму излегов, ме тераа да одам дома да снимам кај нив.
Т – Дали сте го посочиле во некој разговор Александар како основач на партија Десна?
Г – Никогаш во живот, слободно нека донесат детектор пред цела јавност.
Т – После тој ден дали со Александар се видовте во петокот?
Г – Не памтам, петокот и саботата ми се какo магла, во недела ми сврте да бараме пак.
Т- Како и од кого дознавте за судбината на Вања?
Г – Прво од Маја, прва братучедка на Зорица, сфатив дека не е во ред се потресе кога ѝ се јави некој. Ме фати паничен напад, отидов накај дома, ме бараа имало нешто полиција на Скопска Црна Гора, дека ја нашле. Тројца ми го кажаа муабетот, па ми се јави Музафер инспекторот, рече па што те нема, рече со таткото дали сум се слушнал, па што не му се јавиш. Му се јавив на Саше, дали има нешто. Спуштам телефон, ми се јави инфлуенсерка, мајката ја однеле во Бутел на препознавање на девојчето.
Т – Дали од се што кажавте уште еднаш може да потврдите дека Вие во целата таа работа сте таму од вторникот до моментот на пронаоѓањето на Вања, сте му споделувале информации на таткото кои претходно сте ги добиле од други лица од полиција?
Г – Таткото се што знаеше, знеше од мене, од мои информации, јас му кажував се. Музафер ми ветуваше за СВР Велес дека нема да го избркаат дечкото што ми ги даде снимките.
Т – Како дојдоа снимките од Велес до вас?
Г – Мајка ми беше во Белград, се слушавме, кога кажав дека има велешани умешани рече да провериме имаме роднини, се јавив кај братучед ми, рече беше на бензинска пред неколку дена. Се му кажувавме на Музафер.
Т – Дали може да се сетите ова со Музафер кога е?
Г – Дали четврток дали петок не знам точно.
ОБВИНИТЕЛСТВО
О – Во исказот кажавте дека началникот ве натерал да одите во станот каде обвинетиот Ѓорчевски живеел со неговата мајка и да снимате по шифоњерите да не е случајно Вања скриена. Во право ли сум ако претпоставам дека инспекторот ве натерал на сила тоа да го правите?
Г – Ме натера Каришиќ, не се закани туку да одам во интерес на истрагата, случајно да сум проверел дали е Вања скриена некаде во плакар или во ВЦ.
О – Значи ве замолил?
Г – Можеш ли да отидеш ми рече, не беше молење.
О – Вие прифативте?
Г – Да
О – Зошто прифативте?
Г – Зошто се работи за интерес за девојче
О – Претпоставувам дека на оваа конверзација со инспекторите Музафер и Димовски немало друг сведок?
Г – Трето лице немаше, зборуваа на телефон со началникот на СВР Скопје.
О – Спомувавте дека по настанот сте комуницирале со Зорица, во право ли сум ако заклучам дека освен деновите кога сте присуствувале во станот кадешто живеела Вања, дека по настанот oткако е пронајдена Вања Вие немате никаква директна комуникација со Зорица, ниту лично, ниту на телефон ниту на Фејсбук?
Г – Со Зорица додека траеше истрагата имам три минути направено муабет, откако заврши истрагата Зорица спиеше од страв со Миња и братучедка ми и братучедка ми ми кажуваше, директно со Зорица немав комуникација.
О – Во директниот исказ кажавте дека другарот од Сејф сити ве известил оти по Цитроенот веќе три дена се трага. Во право ли сум ако претпоставам дека Вие во тие моменти немате сознание дека Цитроенот всушност три дена претходно токму на полицијата ѝ е пријавен како опожарено возило?
Г – Откога го праќам Цитоенот, во СВР ја препраќа сликата да не е колата од Велешанецот, они одговараат не е таа кола, друга боја е, не е истата. После испаѓа дека е таа кола.
О – Спомнавте дека инспекторите ве терале да сликате што прави таткото, во право ли сум ако претпоставам дека всушност ве натерале со сила?
Г – Не бев натеран со сила туку самиот имам ќерка и во интерес на истрагата што и да ми речеа да направам, ќе направев.
О – Значи го сликавте таткото?
Г- Да, го сликав и им кажав дека не е спиен 3-4 дена, не знае кај тера.
О – Препоставувам овие слики ги пративте кај инспекторите?
Г- Да, кај Музафер лично. Една слика имаше само како спие на столица.
О – Вам познато ви е дека Обвинителството има обезбедено примерок од комуникацијата Ваша со началникот Каришиќ така?
Г – Да
ТУФЕГЏИЌ
Т- Дали по однос на оваа комуникација со инспекторот Музафер дали може да ни кажете дали сте изнеле мислење за таткото дали е вмешан во постапката?
Г – Јас одма кажав дека не е вмешан и дека нема потреба од пари, такви работи, има станови, не го интересираат пари, има отказ дадено за да седи со децата време да поминува, не искача, не троши, не пие, не се дрогира, само цигари да има и дома да седи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…