Шолц: Санкциите на Трамп за Меѓународниот кривичен суд се погрешна одлука

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени денеска како „погрешна“ одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС).

„Санкциите (кон МКС) се погрешна алатка. Тие ја загрозуваат институцијата која треба да обезбеди диктаторите на овој свет да не можат едноставно да ги прогонуваат луѓето и да започнуваат војни, а тоа е многу важно“, рече Шолц на предизборниот собир во пресрет на вонредните избори закажани за 23 февруари, пренесува Дојче веле.

Германскиот канцелар го отфрли и предлогот на Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…

Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…

Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…

Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…