100 дена од падот на настрешницата во Нови Сад: Продолжуваат протестите ширум Србија

t

Денеска се навршуваат 100 дена од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Поради ова, блокади на патишта се организирани во Белград, Нови Сад и Ниш, а во тек е и штафетен маратон од Крагуевац до Белград. Студентите на Земјоделскиот факултет во Белград со поддршка на граѓаните и земјоделците околу 11 часот го блокираа мостот Газела, со план таму да останат до 18 часот. Во Нови Сад блокирани се три големи раскрсници, а во Ниш од 13 часот блокирана е наплатната станица Ниш-север, која треба да трае до 21 часот, а можеби и подолго.

Пет студенти од Универзитетот во Крагуевац денеска ќе трчаат на штафетен маратон до Белград, со цел да им ги предадат поканите на своите колеги од Нови Сад, Ниш и Белград за протестот што ќе се одржи на Сретење, на 15 февруари, во Крагуевац. Стартот на штафетниот маратон беше во 9:00 часот пред Факултетот за медицински науки, а дочекот ќе биде пред црквата Свети Сава во Белград околу 22:00 часот. Планирано е учениците да ја поминат патеката долга 115 километри за околу 13 часа, за да им врачат симболични покани на колегите да дојдат на прославата на српскиот конституционализам и државност на 15 февруари.

Исто така, студентите на Земјоделскиот факултет во Земун од 11 до 18 часот го блокираат мостот Газела.

А во Нови Сад во период од три часа, од 11 до 14 часот, ќе бидат блокирани три големи раскрсници преку кои практично ќе биде невозможен влезот во градот. Како што соопштија од факултетот на Универзитетот во Нови Сад, блокадите ќе се спроведат по повод 100 дена од несреќата на железничката станица во која загинаа 15 лица, а две лица беа тешко повредени.

Протести и „15 минути молк“ и денеска ќе се одржуваат во повеќе градови во Србија, но и во светот. Студентите во блокадата ги повикаа своите сограѓани да се соберат денеска во што поголем број на улиците во Ниш, Белград, Власотичин, Чачак, Горњи Милановац и други места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…