(Видео) Русија ја зголеми својата армија за уште 100.000 војници! Зеленски: Путин не се подготвува за преговори, туку за продолжување на војната!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за зголемување на својата воена сила и продолжување на војната, истакнувајќи дека не се подготвува за преговори, туку за понатамошна ескалација на конфликтот.
Зеленски изјави дека добил извештаи од украинските разузнавачки структури според кои Русија формира нови дивизии и развива нови воено-производствени капацитети. Понатаму, ја потврди зголемената соработка со Северна Кореја и ширување на современи воени технологии, особено во областа на беспилотни летала.
„Извештаите на разузнавањето потврдуваат дека Русија формира нови дивизии и развива нови воено производствени капацитети. Нивната соработка со Северна Кореја ќе продолжи да се шири. Москва исто така ги проширува современите воени технологии во регионот, особено технологиите за беспилотни летала“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека зголемувањето на армијата за повеќе од 100.000 војници укажува на намерата на Путин да продолжи со војната, а не да се подготвува за мир. „Ова значи дека Путин не се подготвува за преговори, туку за продолжување на војната – не само против Украина. Сите наши партнери мора да бидат свесни за тоа“, изјави украинскиот претседател, додавајќи дека е неопходно зајакнување на одбраната во Европа.
Зеленски исто така коментираше за потенцијална средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека таквата средба нема да доведе до крај на војната. Тој предупреди дека прекинот на огнот без враќање на окупираните територии ќе дозволи Русија да заработи милијарди од природните ресурси на Украина и да ги искористи за надградба на својата воена моќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…