Д-р Беќаровски предупредува за опасен Тик Ток предизвик: „Контролирајте ги вашите деца, пред да ни се случи нова трагедија“

t

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук профил предупредува за опасен Тик Ток предизвик, со земање на големи дози на парацетамол кај младите.

„Од почетокот на оваа година на платформата ТикТок кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, ВНЕСУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ДОЗИ ПАРАЦЕТАМОЛ !!!!!

Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови.

Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб.

20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување.

Секоја година 30-50% од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради ТРУЕЊА СО ОВОЈ ЛЕК !!!!

ЗАТОА КОНТРОЛИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА, ПРЕД ДА НИ СЕ СЛУЧИ НОВА ТРАГЕДИЈА !!!

Ако сепак се случи труење а не се поминати 2-4 часа веднаш дадете 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ (2 кесички) и веднаш побарајте лекарска помош. Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот.“, напиша тој на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андреј Лазаров ќе живее вечно: Промовирана книга…

Споменот за Андреј Лазаров доби уште едно…

Папата се сретна со жртви на злоставување…

Во Лима, папата Лав се сретна со…

Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…

Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

Љупчо Пренџов избран за заменик генерален секретар…

На вчерашната седница на Извршниот Комитет на…