Таткото на Фросина до родителите на Васил Јованов: „Бог нека ми прости, мојата фамилија нека ми прости, јас такво сочувство не можам да прифатам…
Таткото на прегазената 22-годишна модна дизајнерка Фросина Кулакова,Тодор Кулаков гостуваше во новото издание на емисијата „Код“.
Тој, меѓу другото, отворено ја коментираше прес-конференцијата на родителите на осомничениот возач Васил Јованов и неговиот адвокат која ја доживува како „навредување на интелигенцијата“.
„Бог нека ми прости, мојата фамилија нека ми прости, јас такво сочуство не можам да прифатам бидејќи е лажно“, кажа Кулаков за нивното однесување.
„Иако нивните намери им се такви нечовечни, јас само една работа можам да ги посоветувам. Молете се на Бога, признајте го делото, синот да го признае делото, да признаат мајката и таткото дека се соучесници во прикривање на криминалот, во прикривање на убиството.. Да пикаш телефони по притвори за да се договараш е чисто соучесништво. Значи, признајте го делото, правдата да биде задоволена, во спротивно самите си гледат како јавноста ги третира“, коментира таткото на Фросина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…