Eден од најпознатите американски адвокати загина во страшна несреќа
Кевин Колвел (53), шеф на адвокатската канцеларија „Colwell Law Group“ во Олбани (Њу Јорк), почина откако беше пронајден тешко повреден во близина на скијачката патека Сагамор на планината Гор денеска околу 11 часот по локално време, потврди државната полиција.
Смртта на Кевин Колвел е потврдена на Фејсбук профилот на компанијата што ја основал, пренесоа американските медиуми.
„Ова е огромна трагедија за сите нас во компанијата“, рече Џенифер Стивенс, главен оперативен директор на канцеларијата, додавајќи:
„Кевин создаде не само бизнис, туку и семејство, а загубата на неговото присуство длабоко ја чувствуваат сите кои ја имаа привилегијата да работат со него.
Полицијата соопшти дека повредениот Колвел бил забележан на патеката, но и покрај напорите на минувачите и членовите на спасувачката екипа, тој починал.
Неговата адвокатска канцеларија работи речиси 20 години во областа на главниот град на државата, како и во западниот и централниот дел на Њујорк, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…
ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере…
Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај…
(Видео) НОЌЕСКА СПРЕЧЕНА КАТАСТРОФА ВО ЗЕЛЕНИКОВО –…
Ноќеска била спречена трагедија во Зелениково, сподели…
Екстремната жештина во Европа предизвика 16.000 смртни…
Една недела на неподносливи горештини што ја…
Трамп го нервира поместувањето од летно на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика…