Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози

t

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево – наведува АМСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трговска пресметка под сенката на Трамп: Меркосур…

Американските царини врз Бразил и пошироката трговска…

Туристички брод удрил во бетонски блокови на…

Грчката крајбрежна стража денес објави дека шест…

Tрамп објави нова слика, го прогласи Ормускиот…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави на…

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен…

Министерството за внатрешни работи ги известува сите…

(Фото) Ветрот откорна дрво во Ѓорче Петров

Силниот ветер кој се чувствува во поголемиот…