Си доаѓа во Москва за парада на победата: Лидери од многу земји ќе дојдат на прославата на Денот на победата
Претседателот на Кина, Си Џинпинг, ја прифати поканата од неговиот руски колега Владимир Путин да присуствува на прославите по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна, објави Ројтерс.
„Си ја прифати поканата да учествува на прославите на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна“, објави државната руска агенција ТАСС, повикувајќи се на изјавите на рускиот амбасадор во Пекинг, Игор Моргулов.
Во декември, Кремљ објави дека ги поканил лидерите на „многу земји“ да се приклучат на прославите по повод 80-годишнината од победата.
Путин пред неколку месеци го покани и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ја посети Москва.
„Ве поканувам да земете учество на свеченостите по повод 80-годишнината од Победата во Големата татковинска војна, што ќе се одржи во Москва на 9 мај 2025 година“, се наведува во поканата на Путин до Вучиќ.
Како што се додава, овој најважен датум го симболизира крајот на најстрашната војна во историјата на човештвото.
Советскиот Сојуз претрпе ужасни загуби – вкупно 27 милиони мртви – во Втората светска војна, вклучително и милиони во Украина, но на крајот ги принуди нацистичките сили на повлекување, стигнувајќи до срцето на Берлин каде што Адолф Хитлер изврши самоубиство, а знамето на Црвената армија беше подигнато над Рајхстагот во 1945 година.
Безусловната капитулација на Нацистичка Германија, која почна утрото на 8 мај 1945 година во 11:01 часот се слави како „Ден на победата во Европа“ од Франција, Велика Британија и САД. Во Москва веќе беше 9 мај, а годишнината од „Денот на победата“ во она што и денес руската влада го нарекува Голема патриотска војна (1941-1945). Ова е најважниот нерелигиозен празник во рускиот календар.
Според амбасадорот Моргулов, кинескиот претседател Си го покани Путин во Кина на церемонии во таа земја по повод крајот на Втората светска војна во септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…