Објавено на:

И Шолц и Мерц одбиваат соработка со крајните десничари

t

Иако поранешниот и најверојатно новиот германски канцелар, одбиваа каква и да е соработка со Алтернатива за Германија, партија чија растечка ѕвезда се заснова врз чувствителното прашање на миграцијата, дуелот не помина со досетки за можно сојузништво со ултрадесничарите.

„Меѓу нашите гласачи има 44 насто приврзаници на коалицијата на Демохристијаните со Алтернатива за Германија. Уште еднаш ќе појаснам: тоа нема да го направиме. За некои прашања сме оддалечени неколку светови“, рече Фридрих Мерц- кандидат за канцелар (ЦДУ/ЦСУ).

„И ветувањата и табуата се менуваат и кршат. За жал, не верувам веќе во вашите ставови. Би сакал, но не веќе така“, рече Олаф Шолц-кандидат за канцелар (СДП).

Досегашната социјалдемократска влада ја удвоила популарноста на алтернативците поради приемот на два милиона мигранти. Сè повеќе млади луѓе се приклучуваат на ултрадесничарите поради последните напади изведени од муслиманските терористи, индоктринирани мигранти кои доведоа до затворање на германските граници. Притисокот врз властите и опозицијата е уште поголем откако економијата е речиси трета година во рецесија.

„Ова никогаш досега не се случило во Германија. Имаме три милиони невработени, бројот расте. 700 илјади слободни места не можат да се пополнат. Бран на банкроти незабележан во изминатите 15 години. 50 илјади компании банкротираа во земјава“, нагласи Мерц.

„Да не заборавиме дека сме втора земја според степенот на индустријализацијата меѓу седумте најразвиени држави во светот“, додаде Шолц.

Обајцата во едно беа обединети, подготвени сме за новите американски давачки за Европа. За да не се случи австриското сценарио во Германија, и Шолц и Мерц не се далеку од формирање на широка коалиција по изборите, наречена „Гроко“ на демохристијаните, социјалдемократите и слободните демократи. Или помалку веројатната коалиција „Кенија“, според боите на кениското знаме, заедно со зелените, без демократите.

На дуелот, и Мерц и Шолц, стравуваа од можен конфликт меѓу Русија и НАТО, поради најавениот прекин на американската воена опрема за Украина.

Креаторот на победата на Трамп, милијардерот Маск во видеопорака претходно ја поддржа Алтернатива. Не е срамно да се биде горд Германец, рече сопственикот на „Икс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…