Објавено на:

Сергеј Рјабков: Со снабдување на Украина со оружје, Америка стана страна во конфликтот

t

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека со снабдувањето на Украина со оружје, САД станаа страна во конфликтот меѓу Украина и Русија, пренесе РИА Новости.

Тој посочи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „барем покажува интерес“ за продолжување на дијалогот со Русија, нагласувајќи дека и Русија е подготвена за дијалог, но само „на рамноправна основа“.

„Како што рече претседателот Путин, ништо не може да не спречи да водиме дијалог, ние сме подготвени за тоа. Но, тоа ќе зависи од тоа дали ќе има реални промени во американската политика кон Русија“, рече Рјабков.

Тој изјави дека секое решение на конфликтот во Украина бара работа на „основните причини“ и „препознавање на реалноста на теренот“.

„Употребата на ултиматум против Русија нема да успее“, рече Рјабков, додавајќи дека сè уште нема договор на високо ниво за средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.

Рјабков изјави дека во однос на дијалогот меѓу Москва и Вашингтон за стратешка стабилност, ситуацијата „не ветува“. Кога станува збор за нуклеарното оружје, тој рече дека ќе биде тешко да се постигне сеопфатен договор за забрана на употребата на ова оружје.

Изјави дека Москва ќе продолжи да презема „активни чекори“ за да го запре брзото ширење на хемиското и биолошкото оружје.

Рјабков додаде и дека е неопходно да се воведат забрани за распоредување оружје во вселената, јави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…