Објавено на:

Романскиот претседател поднесе оставка

t

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, денеска поднесе оставка.

Како што јавија светските агенции, опозициските партии во романскиот парламент планирале да започнат процес за отповикување на Јоханис.

Романскиот Врховен суд претходно пресуди дека Јоханис, чиј мандат истече на 21 декември, треба да остане на функцијата до одржувањето на новите избори на 4 мај. Пред вториот круг од претседателските избори во декември, судот ги поништи резултатите од првиот круг и најави дека мора да се повтори целиот изборен процес.

Одлуката на Врховниот суд дојде откако Јоханис ја симна ознаката за тајност на разузнавачки информации, според кои, Русија водела координирана интернет кампања за промовирање на десничарот Калин Георгеску, кој освои најмногу гласови во првиот круг од изборите.

Одлуката за поништување на изборите дополнително ја ослаби довербата на јавноста во државните институции и ги поларизира гласачите лути поради внатрешните спорови во главните партии и наводите за корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…

Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…

„Водовод“ со апел: Да не се троши…

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…

Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…

Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…

Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД

Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…

Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…

Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…