Објавено на:

Илјадници севернокорејски работници заминале на работа во Русија

t

Илјадници севернокорејски работници отишле на работа во Русија минатата година, соопшти вчера јужнокорејската разузнавачка агенција, како што јавија јужнокорејските медиуми, нагласувајќи дека тоа претставува кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН наметнати против Пјонгјанг.

Како што соопшти Јужнокорејската разузнавачка служба (НИС), илјадници работници биле испратени од Северна Кореја на градилиштата низ Русија минатата година поради недостигот на работна сила во таа земја предизвикан од војната во Украина, пренесува новинската агенција Јонхап.

Врз основа на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, беа наметнати санкции на Северна Кореја поради нејзините тестови на оружје, со кои се забранува земјата да испраќа работници во странство и се бара од сите севернокорејски граѓани да се вратат дома до декември 2019 година.

Според Јонхап, Северна Кореја и Русија се осомничени дека користеле студентски визи за испраќање Севернокорејци на работа во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…