Беса Адеми добила надоместоци од скоро 400 илјади денари од Академијата за судии и обвинители, а не присуствувала ниту на половина од седниците на Управниот одбор!
Во периодот од 2022 до 2024 година, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, добила надоместоци во вкупен износ од нецели 400.000 денари од Академијата за судии и јавни обвинители, иако не присуствувала на повеќе од половина од седниците на Управниот одбор на Академијата.
Притоа, од Академијата велат дека Адеми отсуството го пријавувала непосредно пред почеток на седниците, па немало можност да биде повикан заменик-членот на УО. Таа, пак, тврди дека поканите не биле навремено доставувани, пренесе Фокус.
Според податоците што ги добивме од Академијата за судии и обвинители, користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Адеми била член на претходниот состав на Управниот одбор, со мандат од 29.11.2022 до 29.11.2024 година. Исто така, таа е член и на новиот, т.е. актуелниот состав на УО, кој се конституира на крајот на ланската година (30.12.2024) и има мандат до 2028 година (30.12.2028).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел не одобри распоредување на меѓународни сили…
Израел сè уште не го одобрил распоредувањето…
Спречен е терористички напад на њујоршкиот Капитол-…
есика Боуви (35) е обвинета за давање…
Градоначалникот на Комо забрани возење велосипеди низ…
Градоначалникот на Комо, Алесандро Рапинезе донесе одлука…
Зеленски воведува неколку нови пакети санкции против…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека…
ЕУ е подготвена да ја поддржи Украина…
Европската комисија порача дека одлуката за тоа…