Трамп не се откажува од идејата САД да ја купат и поседуваат Газа и да ги раселат Палестинците
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека според неговиот план за преземање на Појасот Газа од страна на САД, Палестинците нема да имаат право да се вратат во енклавата.
Тој во интервју за Фокс њуз рече дека Палестинците ќе имаат „многу подобри“ услови за домување и дека ќе им биде изградено место каде што ќе можат да престојуваат.
Трамп минатата недела рече дека Палестинците ќе бидат трајно раселени.
Трамп потврди дека е посветен на планот за купување на Појасот Газа, но дека би можел да дозволи делови од оваа област зафатена од војна да бидат обновени од други земји од Блискиот Исток.
Според него, САД ќе го преземат Појасот Газа од Израел и ќе го претворат во „ривиера на Блискиот Исток“ откако ќе ги преселат Палестинците во други арапски држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…