Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј
Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир.
Бидејќи Божјиот светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот циркус. Ѕверовите го растргнаа и тој Му ја предаде својата душа на Бога. Тогаш неговите следбеници ги собраа неговите соголени коски, ги пренесоа во Антиохија и чесно ги погребаа. Но кога Персијците ја зазедоа Антиохија во 6 век, моштите на свети Игнатиј повторно ги вратија од Антиохија во Рим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев со порака: „Русија ќе продолжи да…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија…
(Видео) Возел низ руски град со американско…
Необичен случај од рускиот град Стерлитамак предизвика…
Гори во село Палиград близу Зелениково, утре…
Моментално се наоѓам на лице место, во…
Италијанци издоминираа на Охридскиот маратон, тинејџерот Цеков…
Најновото 39-то издание ба Охридскиот пливачки маратон…
Метеорит од Марс откри траги од древна…
Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…