Ердоган не сака да слушне за преселба на жителите на Газа, вели дека Израел треба да плати 100 милијарди долари за нејзината обнова
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно го отфрли планот на американскиот колега Доналд Трамп за преземање на Газа од страна на САД и за преселување на Палестинците. Ердоган рече дека Израел би требало да плати за обновата на Газа.
„Предлогот за преселување на Палестинците од земјата на која што живееле илјадници години не го сметаме за сериозен. Тоа е неприфатливо. Никој нема моќ да ги принуди Палестинците да ја доживеат втората Накба“, рече Ердоган, реферирајќи на масовното преселување на Палестинците за време на Арапско-израелската војна во 1948 година.
За време на неговата посета на Малезија, Ердоган го обвини Израел дека продолжува со своето „незаконско и непромислено однесување“.
„Израел е правно и финансиски одговорен за уништувањата во Газа, чија обнова би чинела 100 милијарди долари. Израелските власти мора да бидат казнети за уништувањето што го предизвикаа. Израел е тој кој треба да плати за обновата на Газа“, рече Ердоган.
Тој повика на формирање „нов светски поредок“ кој би се засновал врз мир, доверба и стабилност, а не врз страв и конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…