Седници на четири собраниски комисии

t

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржат две седници, на едната ќе има Јавна расправа на тема „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, а на другата Предлог Акциски план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија 2025 -2027 и Предлогот за основање на работна група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија 2025-2027.

Седница ќе одржи и Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика која ќе расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, точка која е на дневниот ред и на Законодавно-правната комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…

Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

Љупчо Пренџов избран за заменик генерален секретар…

На вчерашната седница на Извршниот Комитет на…

Трамп бара дополнителни 350 милијарди долари за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Сенатот…

Денес се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј,…

Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник…